Домашен саем со ЈУКИ машини и 30 годишна јубилејна прослава

Ве покануваме на 29ти Септември 2022 година да не посетите во нашата локација во Штип на нашиот домашен саем со изложени Јуки машини и додатоци на машините. Ќе бидат изложени 18 новитети, од кои новите дигитални машини од Јуки, автомати, прави машини со додатоци, автоматски оверлок машини и ред број други. Воедно за прв пат во Македонија ќе бидат претставени ЈИН машините, ќерка фирма на Јуки, кои се со одлични перформанси и пристапни цени.

Саемот ќе се одржи на 29ти Септембри од 14.00 до 18.00 часот и на 30ти Септември од 10.00 до 14.00 часот.

Адреса: Гоце Делчев бр. 58 – 2000 Штип

Воедно, ве покануваме заедно да прославиме 30 години искуство, 30 години Јуки на нашиот пазар и 30 години постоење на ДАСА. Коктел забавата ќе се одржи во склоп на Марси Бар, веднаш наспроти нашиот продажен салон. Коктелот ќе биде од 18.00 до 22.00.

Се гледаме на 29ти Септември 2022.