Гарантни услови
При продажба на конфекциски машини и друга опрема се аплицираат следните гарантни услови:
- Гарантирање фабричка исправност на машината во рок од една (1) година под услов нормално да се употребува и одржува, гарантниот рок тече од денот на продажба на машината.
- (фабричка исправност подразбира генерално функционирање на машината, не вклучува штелување и поврзани проблеми од штелување)
- Под нормална употреба на машината се подразбира внимателна употреба од страна на стручни лица, предхнодно обучени за истите машини.
- Се гарантира дека бесплатно ќе бидат отстранети евентуалните дефекти на машината во гарантниот рок и тоа според наша оценка, со поправки или замена на неисправниот дел од машината.
- За секаков сервис при гарантен период се наплаќаат само патните трошоци на сервисерите.
- Во случај ако во гарантниот рок поправката трае повеќе од десет (10) работни дена сметајќи од денот на писмено пријавување на дефектот, гарантниот рок се продолжува за онолку дена колку што трае поправката.
- Ако машината не се поправи во рок од 45 дена од денот на пријавување на дефектот, неисправните делови ќе бидат заменети за нови.
- Не сме должни на свој трошок да ги отстраниме дефектите и техничките недостатоци кои не се настанати со нормална употреба, а посебно не оние што се настанати поради:
- Неправилно и невнимателно ракување
- Приклучување во електрична мрежа од несоодветен или непостојан напон
- Вградување/вадење дополнителни делови од машината или измена на начинот на работа што се извршени надвор од нашата сервисна мрежа (тековно одржување на машината не спаѓа во оваа категорија)
- Оставање на машината без подмачкување
- Работење на брзина поголема од каталошки опишаната