SERKON MN1 – Автоматски полагач на материјал

SERKON MN1 – Автоматски полагач на материјал

Каталог

Работни спецификааци на полагачот:

  • CRF – корпа за материјал со подвижно платно за лесно ставање и вадење материјал
  • AEC – Автоматско странично рамнење на материјалите
  • STD – Стандардно полагање на материјал, со лице горе и сечење при секое полагање
  • IFS – Интелигентен систем за полагање материјал преку мерење тензија на материјалот
  • NTF – полагање материјал без тензија
  • Автоматско мотање назад на материјал
  • Автоамтско стопирање на машината кога сензорот детектира крај на материјал
  • Програмата калкуира постелени слоеви и прикажува потрошен материјал
  • Можност за програмирање 10 различни програми со параметри за полагање материјали
  • Автоматскиот полагач овозможува полагање на повеќе врсти материјали (од тенки, еластични, до тешки материјали како џинс)
  • Спредерот доаѓа со корпа со подвижно платно, по масата се движи на четири тркала, инсталирана платформа за движење на операторот и со дигитален екран на допир во боја

Предности од користење полагач:

  • Неколкукратно подобрување на брзината на полагање материјал; само еден оператор е доволно да работи со полагачот, многу брзо полагање на материјал за мали серии; елиминирање на затегнатоста која се појавува при мануелно полагање материјал

Димензии:

Технички спецификации

  • Ширина на материјал 180 см
  • Максимален дијаметар на ролна 45 см
  • Брзина на постелување 0-100 метри/мин, (зависно од материјал)
  • Висина на полагање максимум 230 мм со сечење на крај на секој слој
  • Максимална тежина на ролна 120 кг
  • Главен мотор за полагање 0.75 kW 1500 Rpm AC мотор
  • Димензии ширина х должина х висина 2691 х 1320 х 1613 мм
  • Контрола и странично рамнење на материјал со помош на 2 сензора
  • Автоматска детекција кога материјалот е завршен со помош на сензор
  • Вградени 4 сигурносни сензори за машината да застане ако некој дојде пред/зад машината
  • Сензор за кревање на машинта во зависност од висината која се полага
  • Вграден LG плц со сопствена програма
  • Екран на допир во боја од 5.7 инчи – од LG
  • Инсталирана моќност 5 kW 220 V
  • Подесувања од екранот:
  • Број на наслаги за подесување ; должина на полагање ; брзина на полагање (напред и назад) ; затегнатост на материјалот ; вградување лозинка за оператори ; можност за зиг-заг полагање ; затегнатост при почеток или крај ; можност за исклучување на сензорите по потреба

Слични производи