Плакета од JUKI за 2020

ПЛАКЕТА ЗА НАЈДОБАР ДИСТРИБУТЕР ЗА 2020 ВО МАКЕДОНИЈА

„ДАСА ДОО Е ВОДЕЧКИ ПАРТНЕР ЗА НАС КОЈ ПРИКАЖА ЗНАЧАЕН РАСТ НА ПРОДАЖБАТА ВО 2020“ – JUKI CENTRAL EUROPE

Чест ни е да ја споделиме плакетата која ни пристигна од претседателот на JUKI Европа, признание за зголемена продажба како овластен дистрибутер, која не прави уште по горди и храбри при движење на нашите активности во текстилниот сектор, дури и при отежнатите глобални околности.

Се надеваме дека во иднина се повеќе ќе можеме да одгововирме на идните барања и предизвици, да нудиме решенија за надминување истите и совладање на новите технологии за поглема ефикасност при работењето.

Ви благодариме на сите поединечно кои допринесовте заедно да достигнеме успех. Во чест на тоа би сакале да го споделиме следното…

ПОПУСТ ОД 10% НА СИТЕ ОРИГИНАЛНИ JUKI РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ ДО 31.03.2021 ГОД.

Со добивање на признанието истовремено добивме и попуст од страна на JUKI за резервните делови на сите наши нарачки кои ќе ги спроведеме од 22.03.2021 до 31.03.2021 (до 12:00 часот), каде истиот би сакале да го споделиме со Вас – наши драги партнери, кои уствари допринесовте да успееме да го добиеме ова признание.

  • Попустот се однесува само за оригиналните JUKI резервни делови.
  • Попустот важи за сите нарачки кои писмено ќе се достават од 22.03.2021 до 31.03.2021 (до 12:00 часот).
  • Е-пошта за достава на писмени нарачки: dasa@dasa.com.mk
  • Попустот е валиден за артикли кои ќе ги има на лагер при JCE