GUNOLD – POLY FIRE – Полиестерски конец отпорен на температура

GUNOLD – POLY FIRE – Полиестерски конец отпорен на температура

Каталог

Кога навистина станува топло … ! Решението е Gunold Poly Fire – огно-отпорниот конец.

При услови со екстремни топлини, облеката мора да виде од материјали отпорни на температура. Ова не се однесува само за материјалите на облеката, туку исто така и на извезеното лого, сошиените беџови или етикети со имиња.

Се употребува при везови за лабараториски одела, авионски седишта, теписи, завеси, пожарникарски одела и слично.

За вакви производи е создаден конецот Poly Fire, кој гарантира отпорност во услови на високи температури.

При процесот на мотање на конецот, се додава адитив во влакната од полиестер конецот за да биде огно-отпорен.

Овој конец не ги губи способностите (огно-отпорноста) ниту при шиење, ниту при носење или перење.

Препораки за употреба:

  • Игла:
    • Користете Groz-Beckert игла no. 75/11 SES
  • Конец на паса:
    • Poly Fire огно-отпорниот конец треба да се користи и како долен конец за на паса
  • За да се осигуриме дека имаме огноотпорен производ како во надворешност така и во внатрешноста, не користете ткаена постава во внатрешноста

Инструкции за одржување:

  • Идржливо при перење до 95 степени
  • Може да се користи прашок за белеење
  • Може да се става во сушална
  • Може да се пегла

Важно: Тестирања за огно-отпорност треба да се извршат по комплетно завршен производ т.е. по направен вез на производот и да се тестираат взаемно.

Технички спецификации

  • Горен конец за везење
  • Тестиран по стандардите: EN ISO 15025 : 2016, класифициран по EN ISO 14116 : 2015 / Index 3, ISO 6940 : 2004 / ISO 6941 : 2003, index 1 – пред перење, index 3 – после пеење
  • Овој конец се третира со масло за да се осигура подобар резултат при шиење со везачка
  • Материјал: 100% полиестер
  • Величина:  Nm 80/2 ; dtex 125*2
  • Вкупно 27 варијации на бои
  • Минимална количина за нарачка: 1 конус од 1000 метри