GUNOLD – COTTY – 100% Памучен конец за везење

GUNOLD – COTTY – 100% Памучен конец за везење

Каталог

Природен конец со мат изглед – Gunold Cotty 100% Памук!

Gunold Cotty конецот се произведува од мерциризиран висококвалитетен Египетски памук. Овој конец е мек на допир и со мат финиш, кој го прави овој производ одличен за детска облека.

Природниот мек конец Cotty најдобро функционира на меки ткаенини од памук, лен, филц и кадифе.

Овој конец е достапен во две величини, величина 30 за фин дизајн и величина 12 за габаритен изглед на вез.

Препораки за употреба:

  • Игла:
    • Користете Groz-Beckert игла no. 75/11 SES за конец Cotty 30
    • Користете Groz-Beckert игла no. 90/14 SES за конец Cotty 12
  • Конец на паса:
    • За најдобар резултат, користете BOBBY COT

Инструкции за одржување:

  • Идржливо при перење до 95 степени
  • Може да се користи прашок за белеење
  • Може да се става во сушална
  • Може да се пегла

Што знаци мерциризиран памук?

  • Мерцеризирање = Третман на памук со ладна концентрирана каустична сода под напнатост. Памукот добива нова структура на фини влакна. Поради третманот со каустична сода, памукот се одмотува во речиси кружен пресек. Поради променетото прекршување на светлината, сјајот е зголемен. Навлегувањето на бојата е подобрено и во исто време е потребна помалку боја. Јакоста на истегнување се зголемува за 10 до 30 проценти, отпорноста на абење се намалува за 20 – 30 проценти. Смалувањето на мерцеризираниот памук не е можно.

Технички спецификации

  • Горен конец за везење
  • Материјал: 100% памук
  • Величина:
    • Cotty 30 –  Nm 50/2 ; dtex 200*2
    • Cotty 12 –  Nm 30/2 ; dtex 333*2
  • Вкупно 182 варијации на бои
  • Минимална количина за нарачка:
    • Cotty 30 – 1 конус од 3000 метри или 1 конус од 500 метри
    • Cotty 12 – 1 конус од 2000 метри