- Во неја се вградени пет различни безбедносни системи, термостат во казанот и на пеглата, пресостат во казанот за регулирање притисок во неја, осигурач во казанот и сигурносен вентил повторно во казанот како последна алка за комплетна заштита.
- Надворешниот дел им е електростатски фарбан, со што е изузетно квалитетно и отпорен на ‘рѓосување.
- Во зависност од потребите постојат различни литражи на резервуарот т.е. на количината на пареа која може да се употреби за подолговремено пеглање без притоа да има потреба од прекинување на пеглањето и додавање вода во казанот.
- Индустриските казанчиња се опремени исто така со индустриска SILTER STB-200 пегла.
- При пеглање нема никаква потреба од притискање на пеглата, само со поминување со пареа во една насока и во повратно со топлина на пеглата, веднаш се губат сите прекршотини на материјалите. Со квалитетната и непрекината пареа дури може да сепеглаат артикли на закачалка.
- Во споредба со класичните пегли, процесот на пеглање со овие пегли се скратува за до три пати.
- Се употребува кај: моделари, шнајдери, хемиско чистење, производители на венчаници, хотели, ресторани, школи, болници и др.
Видео: