За нас

Лидер за машини за шиење

Лидер во областа на шиењето

Историјата на нашата компанија

ДАСА е оснивана во 1992 година во Скопје од сопственикот Сами Ајрула, како увозник на JUKI брендот за во Република Македонија, со добиена дозвола од JUKI централата во Јапонија, за прв дистрибутер во регионот. Прва опремена фабрика со JUKI машини е компанијата “МК Грација”, која е сместена во Штип.

Со барањето на клиентите и зголемување на потребите на пазарот, ДАСА ја има увидено потребата од опремување на конфекциите и со друга потребна опрема, со што во палетата застапништва денес брои неколку застапништва од различни брендови, со врвен квалитет во својот дел од производите. Во 90-тите се добиени застапништва од фирмите EPA – преси за формирање и пеглање делови од машка кошула и TESAN- производство на опрема за кројница, а во 2000-тата е добиено застапништво од турскиот реномиран бренд ALBA – производител на парни машини и преси. 

Секако дека барањата на клиентите се секогаш наш приоритет, со што за да бидеме се по блиску до нашите клиенти отворена е првата подружница во Штип во 2012-та година, каде е започната продажба на резервни делови, галантерија, игли и дуги артикли за потребите на текстилната индустрија. Се трудиме да ги постигнеме најдобрите цени со артикли од најквалитетни брендови повторно за задоволување на барањата на нашите клиенти.

Целта на компанијата е да биде најреномирана на пазарот и најпосакуван партнер на своите клиенти, која се труди да ја постигне преку давање на најквалитетна услуга, со можните најдбори производи на пазарот, со навремена испорака, квалитетна после продажна грижа и добар партнер за солуции за подобрување на производствените капацитети, секако со помошта на огромната мрежа од странски партнери кои се нашата движечка сила.

Благодарение на долгогодишната професионалност на пазарот, денес ДАСА брои над 200 различни активни комитенти низ Република Македонија.