Телефон: +389 78 47 55 85 | Е-пошта: dasa@dasa.com.mk

Сами Ајрула, роден во 1948 година во Скопје, е оснивач и сопственик на ДАСА, која ја има оснивано во 1992 година.

Сами Ајрула како добар претприемач има основано и унапредено бројни фирми во неговата професионална кариера, каде за време Југославија, си ја оснива првата фирма „Јулеса“ во 1987 година, со увоз на коза, со добиена дозвола од државата за истата. Потоа асортиманот го зголемува со производство на кожни артикли и нивна големопродажба се до 1994 година.

Во 1991 година оснива дополнителна фирма  со називот „Уфи“, која увезува детска облека и оди на големопродажба низ Македонија.

Но главната делатност ја оснива во 1992 година, а тоа е компанијата ДАСА, во која увидува огромно задоволство од работење.

Но секако, претприемничкиот дух не застанува тука, во 1996 година оснива текстилна фабрика „Стил“ за производство на машки кошули, која просперира се до 2011 година и вбројува близу 200-тини вработени.

Во 2010-та година оснива дополнителна фирма „Принц“, за продажба на машки кошули во центарот на Скопје.

Сами Ајрула е воедно татко на три деца и дедо на четири внуци.

Што прави денес? Со огромното искуство, активно им помага со консултантски услуги на младите претприемачи, кои се стремат за скокање во дивите води на бизнис светот, кои лично ги има препливано низ кариерата од цели 45 години...

 

ДАСА © 2019