Телефон: +389 78 47 55 85 | Е-пошта: dasa@dasa.com.mk

Juki оригиналните резервни делови секогаш се произведуваат по највисоки стандардни и се прават исклучиво од најдобри суровини. Формата, димензиите, финишот и материјалите на сите оригинални Juki делови поминуваат од бројни тестови за да си ги осигури корисниците дека производот кој ќе го користат ќе биде издржлив, прецизен и функционален дури и под постојана употреба. Секој оригинален Juki дел се произведува според спецификацијата и акумулираното искуство на техничките лица кои истовремено работат и при самото дизајнирање на машините во кои ќе се вградуваат резервните делови. Пред да се стандардизираат деловите за широка употреба, најпрво се избира соодветниот материал и се тестира под различни работни услови, при што се добиаат оригинални производи кои во секое изработено парче е идентично и со ист квалитет. На крај оригиналните Juki делови поминуваат од контрола и се споредуваат со предифинираните производствени спецификации за да се осегури дека корисниците ќе го имаат фабричкиот вграден производ при порачка од резервен дел.

Ефектите од корисње неоригинални производи во Juki машините доведува до: неквалитетно шиење, намалување на продуктивноста, зголемени трошоци, доведување до прашање на доверливоста на фабриката и губење на Juki гаранцијата при гарантниот рок.

Погледнете го видеото кое токму Juki го спреми за вас, во кое и самите ќе се уверите дека:

  • Неоригиналните делови не се произведуваат под исти спецификации и не поминуваат од истите услови т.е. од тестирања, кое допринесува до лош квалитет на шиење. Разлика во формата на деловите и финишот драстично резултира во работењето на машината и допринесува до прескокнување на бод и ред број други проблеми. Неоригиналните резервни делови ќе треба да се замена многу брзо поради неквалитетниот материјал од кој се произведени (пример горни ножеви) и со тоа кратко трајните неоригинални делови ќе треба многу почесто да се променуваат, каде застојот, потребното време за промена и квалитетот ќе ја чинат фабриката многу повеќе пари од самиот поевтин набавен дел.
  • Еден од најголемите последици од користење неоригинални делови е намалување на продуктивноста. Овие неоригинални копии од делови ќе предизвикуваат различни проблеми при шиењето како на пример прескокнување на бод, послабо влечење на материјал и различни должини на штепови. Како резултат, на почеток изгледа дека со купување неоригинален дел се намалува трошокот но во реалниот трошок во производството се зголемува поради застој и неквалитетно шиење.
  • Поголем број на интервенции поради користење неоригинални резервни делови ќе значи зголемени производствени трошоци за фабриката. Сошиените артикли кои ќе имаат неконстантен штеп и прескокнатите штепови ќе треба одново да се обработат, кое ќе резултира исто така со губење дополнително време и материјали.
  • Воедно, доверливоста на фабриките е исто така во прашање, поради рпоизводство на производи со низок квалитет од причина користење неоригинални резервни делови.

Воедно би сакале да ве информираме дека, доколку за време гаранцијата на Juki машините се вградат неоригинални резервни делови Juki не признава никаква штета при гарантниот рок.

ДАСА © 2019