-
01
Јун 2019
- Категорија: Машини
- Напишано од DASA
- Посети: 2588
Едноставно паметна серија од JUKI

Јуки со задоволство ја презентира новата линија на „Едноставно паметна серија“ машини. Комбинирајќи го премиум Јапонското инженерство и економичноста на моделите во оваа Едноставно паметна серија, Јуки го нуди својот широкопознат квалитет во една поедноставна форма. Со новите дизајнски решенија, иако овие модели поседуваат помалку функции во споредба со дигиталните модели, Јуки го гарантира квалитетот на шиењето. Целосната едноставна серија е компатибилна за поврзуванје со JaNets системот за дигитално водење на работењето.
Едноставно паметната серија на Juki машини се состои од четири нови модели: права машина, електронска пунтерица, електронска копчарка и електронска рупичарка. Подолу се наведени главните карактеристики на овие машини, додека на крајот од страната можете да ги симнете дигиталните каталози.
DDL-8000A
Електронска Direct-drive права машина со автоматско сечење конец и моторно подигање папуча
Новата DDL-8000A права машина е носителот на знамето од оваа серија. Перфектна комбинација од напредни карактеристики за шиење и економски дизајн. Со ново вградениот моќен внатрешен мотор се заштеди и од место и од трошокот од предходните надворешни мотори. Инсталирана е УСБ порта за полнење на персонални уреди, директно на самото тело од машината. Со систем без подмачкување, креирана е основа која не бара подмачкување со што нема понатамошна појава на дамки од масло.
LK-1900S
Електронска пунтерица
LK-1900S моделот е дизајниран така што да има помалку функции, но сепак да биде задржан квалитетниот штеп на JUKI. Максималната брзина на шиење е 3200 бод/мин, со што се намалува потребното време за шиење, убрзан е стартот при започнување со шиење и убрзан е завршетокот на крајот од шиењето, зголемена е брзината на сечење на конецот и на подигање/спуштање на папучата.
LK-1903S
Електронска копчарка
LK-1903S моделот е дизајниран така што да има помалку функции, но сепак да биде задржан квалитетниот штеп на JUKI. Убрзани се функциите: стартување на шиење, завршување на шиење, отсекување конец, кревање и спуштање на папуча за копче и брзината на движење од рупа во рупа. Машината стандардно е опремена со 50 различни програми.
LBH-1790S
Електронска рупичарка
LBH-1790S моделот е дизајниран така што да има помалку функции, но сепак да биде задржан квалитетниот штеп на JUKI. Машината достигнува голем капацитет со подобрените системи како зголемена брзина од 4200 бод/мин, брз старт и крај при шиењето, зголемена брзина на отсекување на конец и брзина на кревање/спуштање на папучата. Благодарение на JUKI системот за повеќекратно паѓање на ножот за материјал, повеќе нема потреба од промена на ножот дури при различни величини на рупици.
JUKI Simply Smart Series КАТАЛОЗИ
DDL-8000A | LBH-1790S |
![]() |
![]() |
LK-1900S | LK-1903S |
![]() |
![]() |