-
01
Јун 2018
- Категорија: Саеми
- Напишано од DASA
- Посети: 2213
Саем за машини во Истанбул - 2018

Воглавно најпосетени саеми во Европскиот континент се саемот за текстилни машини кој се одржува во Франкфурт - Германија т.е. "Texprocess", кој се одржува на секои две години, и саемот "Clothing machinery" или саем за конфекциски машини кој се одржува исто така на секои две години во Истанбул во добро познатата локација Tuyap.
Годинава има мала промена во датумите, сите веќе сме навиннати овој саем да се очекува во месец мај, но во 2018-та година саемот за конфекциски машини ќе се одржува во септември, помеѓу датумите 20-23 септември 2018.
Во овогодишниот саме ќе можеме да посетиме вкупно 378 компании, во кои поголем дел го соединуваат домашните компании, но се разбира и странските излагачи.
За забрзување на процесот за влез во саемот - секако бесплатен, топло препорачуваме да си извршите онлајн регистрација уште пред да заминете, каде само со неколку клика се добива влезницата која ќе е потребна на врата за влез како посетител во саемот. Од следниот линк можете да пристапите до сајтот за онлајн регистрација (не заборавајте, регистрацијата треба да се изврши за секое лице посебно!):
ОНЛАЈН ПРИЈАВУВАЊЕ |
На овогодишниот саем, повторно ќе бидеме на штандовите на нашите долгогодишни партнери, чии брендови ги застапуваме во Р.Македонија, а тука се брендовите: ASTAS, ALBA, EPA, TESAN i други.
За полесно нивно лоцирање одлучивме да ги наведеме и нивните штандови. Подолу во категориите можат да се погледнат нивните локации и производи кои ќе ги имаат изложено на саемов.
Се гледаме на датумите 20-23 септември во Истанбул во самеот за конфекциски машини, Ве очекуваме.