Телефон: +389 78 47 55 85 | Е-пошта: dasa@dasa.com.mk

Создавач на „шиењето“

Насоченоста кон „квалитетен штеп“ е клучот за влез во новата ера со напредната генерација системи за шиење од Јуки. Промената се поттикнува од дигитализацијата. До сега, подесувањата при машините за шиење се правеа од техничките лица со одредени алати, преку нивното умеење и знаење. Сега, со дигиталниот систем за шиење на JUKI DLD-9000C, подесувањата на машината се комплетно дигитализирани. Параметрите се штелуваат со голема прецизност за да се добие најоптималниот шав.

Дигитално движење на заби во хоризонтален и вертикален правец

ddl9000c 1   Благодарение до првиот систем за вертикално движење на заби во светот, висината на забците едноставно и лесно дигитално се штелува во зависност од потребата према материјалот, со кое се подобрува квалитетот на штепот. Кога се завршува процесот со шиење на артиклот (при сечење на конците), забците автоматски се пуштаат долу и се рамнат со плочката за кратко сечење на конецот и за лесно вадење, ставање и манипулирање со материјалот под папучата, без притоа да се оштети материјалот.

 

Различни насоки на движење на забците

 Дигитално само со еден клик, со моторите за дигитално и вертикално движење на забците се променува нивното движење, пред се во зависност од потребата на материјалот.

 Дигитално движење забци 

Дигитални функции кои ветуваат одличен квалитет на шиење

Шпанунг за конецДигитален шпанунг за затегнување конец.

Затегнатоста на горниот конец се штелува дигитално преку панелот на допир и истиот се меморира. Штелување на затегнатоста на горниот конец бара искуство. Меѓутоа, при оваа машина параметрите се меморираат и при повторно шиење на ист налог нема потреба од наново вршење штелувања, туку само се избира предходно меморираната програма.

 

 

  

Дитигално штелување притисок на папуча

Дигитален систем го контролира притисокот на папучата.

 

 

 

   
Сензори за препознавање повеќеслоен материјал

Кога сензорите детектираат различна дебелина на материјалот, дигиталните параметри како затегнатост на конец, притисок на папуча, должина на бод, движење на забци и висината на забците автоматски се променуваат на најоптималните вредности за да се добие идентичен квалитетен штеп.

 

  

 

 Остатокот од конец по шиење е намалено на само 3 мм

Вграден систем на ножеви со вертикално движење со двојни агли. Двојните агли на ножевите се преклопуваат едни со други директно под отворот за игла испод пличката за да го отсечат конецот. Додатно на тоа, благодарение на дигиталниот систем на забци, при сечењето на конец забците дигитално дополнително се спуштаат за да се добие пократок исечен конец (при активирана опција за сечење ултра кратко конец). Како резултат на тоа, растојанието помеѓу плочката и материјалот е намален, со што должината на конецот по сечењето е стабилизиран после секое поединечно сечење.   

 

 

  

lotУправување со машината преку Интернет на работите

Управувањето, пребарувањето и промената на податоци можат да се прават и од JUKI мобилната апликација

Параметрите за квалитетен штеп со бројќи можат да се подесуваат со што ќе се намали и потребното време за механичко штелување на машината. Воедно со NFC податоците од машината можат да се префрлат на таблет/телефон (и обратно). Податоците кои ќе бидат префрлени на таблет/телефон, потоа ќе можат да се менуваат на уредите. Со ова ќе може да се проверат сите машини во производството и да се осигураме дека сите се со идентични подесувања  и ќе можеме да провериме дали сите машини работат како што се планирани.

Екранот на машината е исто така опремена со УСБ приклучок. Управувањето со податоците и надоградување на софтверот исто така можат да се обавуваат преку овој УСБ приклучок.

 
Дигитален екран на допир

Во комплетно дигиталниот модел вграден е 4.3 инчен панел на допир, преку кој се пристигнува до сите интелигентни параметри на JUKI.touch panel

 

Битните функции се употребуваат само со еден допир на вградените копчиња до иглењачата

handswitchВо двете копчиња  може да се избере по една од 20те различни можни фунцкии (позиција на игла горе/доле, прицврстување, исклучување на прицврстување и тн.), кои се подесуваат преку екранот на допир. Изборот се прави према оператор и према шиење кое најоптимално ќе користи за олеснување на работењето.

Фабрички копчето А е подесено за прицврстување (шиење наназад), додека копчето е оставено празно за да се подеси према желбата на операторот. Секако дека корисникот ќе може да определи друга функција и на двете копчиња од предходно дефинираните 20 програми.

 

Автоматско подигање папуча

Ново дизајнираниот механизам за автоматско подигање на папуча со вграден степ-мотор функционира безпрекорно и безшумно. Благодарение на степ-моторот, папучата може да се подига во две нивоа, првото ниво се добива со благо притискање на папуча за шиење наназад, а второто ниво со уште по длабоко притискање наназад на папучата (1-виот чекор на подигање е макс. 8.5мм, 2-иот чекор е макс. 13.5мм). Преку дигитално подесување, исто така можно е папучата да се крева и спушта линеарно со степенот на притискање на папучата за шиење.

 

ДАСА © 2019