Телефон: +389 78 47 55 85 | Е-пошта: dasa@dasa.com.mk

  • Previous
  • Next
  • TEXPROCESS 2019

    TEXPROCESS 2019

    Саем за конфекциски машини во Франкфурт 2019

    ПОВЕЌЕ

  • Едноставно паметна серија

    Едноставно паметна серија

    Нова економична серија машини од JUKI

    ПОВЕЌЕ

  • DDL-8000A Едноставна серија

    DDL-8000A Едноставна серија

    Нова електронска права машина од JUKI со напредни функции

    ПОВЕЌЕ

  • DDL-9000C Серија

    DDL-9000C Серија

    Комплетно дигитална паметна права машина

    ПОВЕЌЕ

  • ИНДУСТРИСКИ ИГЛИ

    ИНДУСТРИСКИ ИГЛИ

    GROZ-BECKERT ИГЛИ

    ПОВЕЌЕ

  • SILTER

    SILTER

    КАЗАНИ ЗА ПАРЕА СО ПЕГЛА

    ПОВЕЌЕ

  • JUKI делови

    JUKI делови

    JUKI оригинални резервни делови

    ПОВЕЌЕ

  • PREMAX

    PREMAX

    Италијански ножици за текстил

    ПОВЕЌЕ

Социјални медиуми

/dasadoo

 

ДАСА Каталози

World Map

VIDEO JUKI

Juki оригиналните резервни делови секогаш се произведуваат по највисоки стандардни и се прават исклучиво од најдобри суровини. Формата, димензиите, финишот и материјалите на сите оригинални Juki делови поминуваат од бројни тестови за да си ги осигури корисниците дека производот кој ќе го користат ќе биде издржлив, прецизен и функционален дури и под постојана употреба. Секој оригинален Juki дел се произведува според спецификацијата и акумулираното искуство на техничките лица кои истовремено работат и при самото дизајнирање на машините во кои ќе се вградуваат резервните делови. Пред да се стандардизираат деловите за широка употреба, најпрво се избира соодветниот материал и се тестира под различни работни услови, при што се добиаат оригинални производи кои во секое изработено парче е идентично и со ист квалитет. На крај оригиналните Juki делови поминуваат од контрола и се споредуваат со предифинираните производствени спецификации за да се осегури дека корисниците ќе го имаат фабричкиот вграден производ при порачка од резервен дел.

Ефектите од корисње неоригинални производи во Juki машините доведува до: неквалитетно шиење, намалување на продуктивноста, зголемени трошоци, доведување до прашање на доверливоста на фабриката и губење на Juki гаранцијата при гарантниот рок.

Погледнете го видеото кое токму Juki го спреми за вас, во кое и самите ќе се уверите дека:

  • Неоригиналните делови не се произведуваат под исти спецификации и не поминуваат од истите услови т.е. од тестирања, кое допринесува до лош квалитет на шиење. Разлика во формата на деловите и финишот драстично резултира во работењето на машината и допринесува до прескокнување на бод и ред број други проблеми. Неоригиналните резервни делови ќе треба да се замена многу брзо поради неквалитетниот материјал од кој се произведени (пример горни ножеви) и со тоа кратко трајните неоригинални делови ќе треба многу почесто да се променуваат, каде застојот, потребното време за промена и квалитетот ќе ја чинат фабриката многу повеќе пари од самиот поевтин набавен дел.
  • Еден од најголемите последици од користење неоригинални делови е намалување на продуктивноста. Овие неоригинални копии од делови ќе предизвикуваат различни проблеми при шиењето како на пример прескокнување на бод, послабо влечење на материјал и различни должини на штепови. Како резултат, на почеток изгледа дека со купување неоригинален дел се намалува трошокот но во реалниот трошок во производството се зголемува поради застој и неквалитетно шиење.
  • Поголем број на интервенции поради користење неоригинални резервни делови ќе значи зголемени производствени трошоци за фабриката. Сошиените артикли кои ќе имаат неконстантен штеп и прескокнатите штепови ќе треба одново да се обработат, кое ќе резултира исто така со губење дополнително време и материјали.
  • Воедно, доверливоста на фабриките е исто така во прашање, поради рпоизводство на производи со низок квалитет од причина користење неоригинални резервни делови.

Воедно би сакале да ве информираме дека, доколку за време гаранцијата на Juki машините се вградат неоригинални резервни делови Juki не признава никаква штета при гарантниот рок.

Новости

ДАСА © 2019